Луксуз и нереален поглед кон океанот – „North Island Seychelles“, најскапиот хотел на светот

Точка

05/11/2020

18:22

2.588

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по ултимативен луксузен хотел, тогаш имаме совршена понуда за вас.

„North Island Seychelles“, се смета за најлуксузниот хотел на светот - со многу добра причина.

Сместен е на прекрасното сејшелиско крајбрежје, опкружен со бел песок, Индискиот океан и кокосовите палми, овој хотел на своите туристи им нуди раскош и убавина.


Архитектонскиот стил на 11-те вили кои што се таму е инспириран од традицијата на самиот остров, како и од автохтоните и природните материјали.

Чист дизајн со минималистички примеси кои што дозволуваат екстериерот јасно да комуницира со ентериерот - тоа може да биде идеален опис за вилите.

Сè што се наоѓа внатре во нив симболизира светлина и креира интимна атмосфера која што ќе ви овозможи бегство од вашето секојдневие.


Десет вили се осмислени во стилот на претседателски апартмани, додека најимпресивна е 11-та вила - „Villa North Island“.

Таа е достапна само за парови, голема е околу 750 квадратни метри, а специјално е декорирана од страна на локалните мајстори, комбинирајќи дрво, камен и стакло и создавајќи вистински рај за сите заљубени парови.

Сите имаат пристап кон приватна плажа, а исто така имаат и нереален поглед кон големиот океан.