Tribevibe е платформа за патувачи, креација на Златко Најденовски

Точка

28/10/2020

17:16

719

Големина на фонт

а а а

Периодот на Ковид-19 пандемијата донесе нови предизвици за сите. Сепак за тимот на Ensage, пандемијата беше и мотивација, а и простор за креирање на сопствен производ. Неодамна Златко Најденовски го започна да работи на Tribevibe, нова платформа за патувачи со поинакви потреби.

Tribevibe во целост e дело на Најденовски, на кој откако речиси го финализира проектот му се приклучи и остатокот на Ensage. Платформата излегува во време во кое туризмот е пред сопствени предизвици во време на кризата. Сепак Tribevibe е платформа за поинаков вид на патувачи, и за неа зборуваме со г. Најденовски.

Ensage едноставно ја дораскажа приказната. Ако Tribevibe е видливиот резултат на дигитален производ основан на етички пристап, Ensage е умот и фабриката која ги поставува етичките темели.

Времето јасно ни покажува дека етичкиот пристап во дигиталните производи е пристап кој што допрва ќе биде баран на пазарот бидејќи компаниите сфаќаат дека да се биде етички настроен е чекор за квалитативно издигнување над конкуренцијата и е умен чекор за долготраен и стабилен финансиски раст, особено во ова време на преиспитување на бизнис вредностите.

Како би ја опишале Tribevibe на некој потенцијален корисник?

Зависи од корисникот. Имам неколку видови на можни корисници кои имаат различни очекувања од Tribevibe. На почетокот сум насочен кон еден, а тоа е The Untourist. Затоа и првенствено се расположувам на пазарот токму кон овој вид на корисници.

За нив Tribevibe го опишувам како заедница која овозможува средби и сместувања со луѓе кои имаат слични интереси, животен стил и стремежи. Смислата е да корисникот се здобие со offline, т.е. недигиталнo искуство, преку online т.е. дигитална алатка.




Целото интервју може да го прочитате на „It.mk


Комерцијана објава



Спонзорирани линкови

Маркетинг