Црна статистика на ЕЦДЦ: Македонија во светскиот врв по бројот на починати од Ковид-19 во октомври

Точка

27/10/2020

14:14

4.084

Големина на фонт

а а а

Според статистиката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), Македонија се најде во светскиот врв според стапката на починати од Ковид-19 во последната недела.

Нашата земја котира многу високо во два клучни параметри: стапка на заразени на 100.000 жители и стапка на смртност на 100.000 жители, пренесува „DW“. 

Од 1 октомври заклучно со вчера, 26 октомври, во земјата се регистрирани 9.168 нови случаи на коронавирус и 182 смртни случаи. Во просек тоа значи нешто над 441 новозаразен на 100.000 жители и 8,76 починати на 100.000 жители, покажува статистиката.


За споредба, земјите од Европската унија ги сметаат за критични стапките од 30, односно 50 новозаразени на 100.000 жители.

Ваквата состојба жестоко е критикувана воглавно од опозицијата, а денеска упати критика и претседателот на собраниската Комисија за здравство и поранешен директор на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

„Алармантно е како на околу 500 нови случаи има 22 починати во еден ден, а во Србија, на пример, на околу 700 позитивни случаи има тројца починати. Тоа покажува дека нешто не е во ред со системот. Посебно е загрижувачка состојбата со смртноста во земјава од Ковид-19. Треба да се утврди што е причината за тоа. Дали е во прашање само задоцнето јавување на лекар или и недоволните капацитети на болниците, исцрпеноста на здравствените работници и неподготвеноста на здравствениот систем во целина “, изјави Зибери за „360 степени“.


На врвот во светски рамки, според оваа црна статистика за октомври е Аргентина, со просечно 27 починати на 100.000 жители. Македонија е на 11-то место, а од европските земји пред неа со уште поголема стапка на смртност се Андора, Чешка, Црна Гора и Молдавија.

На 25 октомври беше урнат црниот рекорд на починати пациенти од коронавирус во еден ден во земјата кој изнесуваше 22.

Целиот текст прочитајте го на „DW“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг