Шесте бремености оставиле трага на линијата на 30-годишната Кречл Картер, па дури и нејзината телесна тежина достигнала 140 килограми.
Ѝ била дијагностицирана хронична болест, па со месеци лежела, била подложна на операции и третмани со стероиди.
„Знам дека е тешко и застрашувачки, но би било многу полошо да умрете во кревет и да знаете дека никогаш не сте се обиделе нешто да промените. Тоа го сфатив пред една година. Не можев да стојам подолго од 45 минути, останував без воздух и се заморував“, напишала Кречл.
Одлучна да ослабне и да оздрави, за 12 месеци успеала да ослабне дури 70 килограми.
Го зголемила бројот на чекори од 1.500 на 15.000 на ден, а од 3.000 калории колку што внесувала, почнала да внесува 1.500 до 2.000.
„Не сум на некоја посебна диета. Би рекла дека мојата исхрана е најслична на медитеранската, но наместо риба јадам пилешко месо. Јадам многу протеини и постам 16 часа дневно. Пијам две кафиња и две литри вода. Шетам со кучињата по 10 километри, а 45 минути тренирам со тегови, откако ќе ги заспијам децата. Среќна сум и здрава“, открила таа.
И понатаму постојат денови кога ќе изеде нешто слатко, а најмногу сака сладолед.
„Не сакам да се ограничувам, туку водам посебен животен стил“, заклучила таа.