Во ова италијанско гратче живеат само двајца жители, но ги почитуваат мерките против коронавирусот

Точка

20/10/2020

09:57

3.280

Големина на фонт

а а а

Џовани Карили и Џампјеро Нобили се единствените двајца жители во малото италијанско гратче Нортоше, сместено во Умбрија, но сериозно ја сфаќаат опасноста од коронавирусот.

Двајцата живеат во зафрленото гратче во кое е тешко да се влезе и тешко да се излезе и често се единствени жители во него. И покрај оддалеченоста, Џовани и Џампјеро и понатаму се придржуваат до мерките воведени во Италија за сузбивање на ширењето на коронавирусот. 


Тие внимаваат секогаш меѓусебно да се оддалечени најмалку 2 метри, а кога се среќаваат да пијат кафе, седат на растојание. За време на заедничките прошетки носат заштитни маски.

„Многу се плашам од вирусот. Ако се разболам, препуштен сум сам на себе, кој би се грижел за мене? Стар сум, но сакам да продолжам да живеам тука, да ги чувам моите овци, виновата лоза, пчелите и овошјето. Да берам тартуфи и печурки. Уживам во својот живот“, рекол Карили.


Од друга страна, Нобили вели дека едноставно се придржува до правилата.

„Носењето заштитна маска и почитувањето на социјалната дистанца не е само од здравствени причини. Тоа не е нешто „добро“ или „лошо“. Ако постојат правила, мора да се придржувате до нив поради себе и поради другите луѓе. Станува збор за принципи“, додал тој.


Велат и дека заминуваат во градот само кога им требаат лекови или поради посета на лекар, но истакнуваат дека не им смета оддалеченоста од другите луѓе, особено сега за време на пандемијата, пренесува „CNN Travel“.

„Водиме многу едноставен живот. Се што имаме во понудата е чист воздух, мир, тишина и здрава планинска вода. Тоа е нашиот спас“, вели Џовани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг