Golf со W12 мотор и 650 коњски сили? Volkswagen само еднаш направи ваква машина

Точка

13/10/2020

20:21

3.117

Големина на фонт

а а а

Денес W12 и Volkswagen е невозможно да се слушнат во иста реченица, а пред само 13 години германскиот производител успеа овој монструозен агрегат да го „спакува“ во Golf GTI.

Освен специјалниот мотор, овој концепт на Golf GTI од петта генерација претрпе и други модификации - проширен е за 16 сантиметри и спуштен за 7 сантиметри.


W12 моторот е позајмен од Bentley Continental GT, задната осовина и сопирачките овој Golf ги доби од Lamborghini Gallardo, предните сопирачки се преземени од Audi RS4, а автоматскиот менувач од VW Phaeton.


Накратко, тоа е наречено Golf GTI W12-650 - концептен автомобил направен во 2007-ма година за традиционалниот фестивал на тјунирани автомобили Вортерсе во Австрија.


Овој Golf денес можете да го видите во музејот на Volkswagen во Волфсбург.




Спонзорирани линкови

Маркетинг