Талентираното девојче – Катја Ивановска: Државен првак во тенис во категорија јуниорки до 14 години

Точка

22/10/2020

10:00

7.259

Големина на фонт

а а а

Македонија отсекогаш можела да се пофали со своите неверојатни таленти кои што ја освојуваат публиката, тука, но и во светот. Музика, филм, театар, спорт - секаде ги има, а сите ние сме горди на нив!

Во Македонија спортот претставува една од најмоќните „алатки“ за спојување на духот и народот, талентите кои што растат и се развиваат тука секогаш имале светол пат кон нивниот успех и кариера.

Фубал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, ватерполо... Од сите видови спортови кои што постојат, македонското знаме секогаш гордо се вее на турнирите низ регионот и светот, носејќи дома големи успеси и медали со кои што најмногу се радува народот.

Овојпат одлучивме да ви ја пренесеме приказната на талентираната Катја Ивановска, осмоодделенката  од основното училиште „Војдан Чернодрински“ - Скопје, која што неуморно вложува во својата кариера - тенисот, и чекор по чекор го освојува регионот.


Која е Катја Ивановска?

Катја е девојчето за кое што допрва светот ќе слушне. Таа тренира тенис од своја 8-годишна возраст, во тенискиот клуб МТП, Скопје.

Зад неа сиве овие години стои одличен тим кој постојано ја бодри и ја мотивира да го постигне тоа за кое што сонува - да стане најдобра.

Тим:

- Тениски тренер: Владимир Чубриноски 
- Фитнес и кондиционен тренер: „Fight factory club“, тренер Миро
- Физиотерапевт и масажа: Љупчо Бакев 


Дисциплинираноста, посветеноста и тренинзите, ова девојче го донеле до многубројни успеси во досегашната импресивна кариера.

Ова се дел од нив:

- Прво место Отворено првенство на РСМ до 14 год. Тумба Т.К Куманово (3 - 5.10.2020)
- Прво место Државно првенство на РСМ до 14 години (5.9. - 7.9.2020)
- Прво место Отворено првенство на РСМ до 14 години (22.8. - 24.8.2020 – Охрид)
- Второ место Отворено првенство на РСМ до 14 години (8.8. - 10.8.2020 Меморијал Дејан Доновски – Скопје)
- Трето место Отворено првенство на РСМ до 14 години (19.7. - 21.7.2020 – Неготино)
- Трето место Отворено првенство на РСМ до 14 години (18.1. - 20.1.2020 – Скопје) 


- Трето место отворено првенство на РСМ до 14 години (28.9. - 30.9.2020)
- Прво место Отворено првенство на РСМ до 12 години (8.06. - 10.06.2019 – Скопје)
- Прво место Меѓународен турнир CHERY CUP, Скопје 15.5.2019 (single and double)
- Прво место Отворено првенство на РСМ до 12 години (11.5. - 12.5.2019 – Неготино)
- Прво место Отворено првенство на РСМ до 12 години (20.4. - 22.04.2019 Меморијал Дејан Доновски – Скопје)
- Прво место Отворено првенство на РСМ до 12 години (6.4. - 8.4.2019 – Велес)
- Второ место Државно првенство на РСМ до 12 години (14.9. - 17.9.2019 – Скопје)
- Прво место Т.К Куманово (5.10.2020)
- Прво место Охрид (22.8 - 14.8.2020)


Меѓународни турнири:

- ¼ финале Tennis Europe до 14 години Скопје (21.9 - 25.9.2020)
- Второ место Champions Bowl до 13 години Тениски Клуб ХАРОН, Белград (2019)
- Второ место Tirana Open Doubles до 12 години (2.9 - 6.9.2019)
- ¼ финале Champions Bowl до 13 години УМАГ, Хрватска 

Инаку, Катја официјално од 5.10.2020 г. е прва на ранг листа на Македонската Тениска Федерација  на јуниорки во конкуренција до 14 години и веќе започнува со подготовките за Teniss Europe кој што ќе се одржи наредната седмица, од 12.10.2020 до 18.10.2020, во Ниш, Србија во конкуренција за јуниорки до 16 години. 

Ѝ посакуваме многу успех!



Спонзорирани линкови

Маркетинг