Илјадници корисници на ТикТок истетовирале ист симбол – кога дознале што значи се покајале

Точка

01/10/2020

15:35

4.967

Големина на фонт

а а а

Уште еден бизарен тренд кружи на „ТикТок“, а за неговите последици сè уште се зборува на интернет.

Еден корисник на оваа социјална мрежа им предложил на своите врсници и следбеници да ја истетовираат буквата „Z“, како ознака за „генерација Z“, но целиот тој тренд станал бизарен кога сфатиле што направиле.

Околу 100 тинејџери ја истетовирале буквата „Z“, што е симбол и покажува надмоќ на луѓето од белата раса, сметајќи дека има само забавен дизајн, пренесува „Daily Star“.

Во видео снимката на корисникот кој што се претставува како „смутавокадо“ може да се види како тој им вели на своите следбеници дека сите припадници на генерација „Z“ се родени во периодот од 1997-та до 2012-та година и треба да ја направат таа иста тетоважа.

Потоа била објавена и фотографија на која што било прикажано како тетоважата треба да изгелда, а многумина истaта ја направиле, не знаејќи дека има ужасно значење - се поврзува со нацистите.

Станува збор за симболот „Wolfsangel“.

Не е познато колку луѓе ја направиле оваа тетоважа, но социјалните мрежи се преплавени со нивни фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг