Светска премиера: Ова е новиот BMW Series 4 кабриолет

Точка

01/10/2020

12:54

2.577

Големина на фонт

а а а

После купе верзијата на новата „четворка“ која дебитираше во јуни, Баварците го претставија и моделот со отворен покрив. Секако, тука е и новата маска од ладилникот околу која има поделени мислења.

Новиот BMW Series 4 Convertible го презеде дизајнерскиот јазик од купето со изразена предна маска од ладилникот. Исто така, новина е тоа што подвижниот покрив од претходната генерација е заменет со склопив мек покрив, па сега новата верзија е за 40 килограми полесна од претходната.

Покривот се подига или спушта за само 18 секунди и додека автомобилот се движи со брзина до 50 километри на час.


Кога станува збор за внатрешноста, BMW како опција нуди целосно дигитализирана инструмент табла од 12,3 инчи, додека на централната конзола се наоѓа екран од мултимедијалниот систем со големина од 10,25 инчи.


Моторизацијата е сочинета од бензинците 420i (184 коњски сили) и 430i (258 коњски сили), како и M Performance моделот М440i xDrive со шестцилиндарски агрегат од 374 коњски сили. Единствениот дизел мотор доаѓа со верзијата 420d со 190 коњски сили.


BMW M440i xDrive пристигнува со 8-степенски Steptronic автоматски менувач, а силата се пренесува на сите четири тркала. Тука се и M Sport диферецијалот, M Sport сопирачките и 18-инчните М тракала како стандард, додека 19-инчните се достапни опционално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг