Психолог објаснил зошто не би требало да ги принудувате децата да се извинуваат

Точка

30/09/2020

19:54

1.866

Големина на фонт

а а а

Воспитувањето на децата е прилично тешка задача. Колку и да се обидувате, сигурно понекогаш ќе се најдете во ситуација вашите децата да направат некој проблем, на пример да турнат, удрат или навредат друго дете или возрасна личност. Многу родители во таквите ситуации прават нешто што им се чини како единствено логично - ги тераат децата да се извинуваат.

"Извинувањето може да биде одличен начин работите меѓу децата да се средат, но принудувањето на тоа е сосема погрешно", смета Лаура Маркам, детски психолог и автор на книгата "Peaceful Parent, Happy Sibilings: How to Stop the Fighting and Raise Friends for Life". 

Еве зошто принудното извинување не е добра идеја и што би требало родителите да направат наместо тоа.

Не правете ништо

"Децении истражување на романитчни врски покажуваат дека кога една личност во парот се чувствува принудено да се извини и пред да биде подготвена, тоа воопшто не помага да се поправи нивниот однос", вели Маркам.

"Веруваме дека истото важи и за децата кога станува збор за пријателите, браќата и сестрите".

Со принудувањето ќе постигнете само да го засрамите вашето дете, а како што објаснува Маркам, кога децата се засрамуваат, се чувствуваат лошо, што значи дека треба да се завршат работите на подобар начин.

Наместо да ги терате да се извинат, помогнете им да научат да комуницираат

"Сакате да го зајакнете вашето дете и да му помогнете самото да се гледа како великодушна личност која може ги исправи работите кога погрешиле", истакнува Маркам.

Родителите на постарите деца треба да дозволат самите да се обидат да сфатат како може да го поправат тоа што го направиле. Дајте им некои предлози и идеи, но одлуката за тоа како да се поправат препуштете им ја нив.

Извинувањето е важен алат во сите односи, но ако децата да ги научиме да се извинуваат без размислување секогаш кога нешто ќе згрешат, тоа ја губи смислата. Исто така, децата пропуштаат можност всушност да научат на своите грешки, пишува "Your Tango".



Спонзорирани линкови

Маркетинг