Ве мачи несоница? Напишете го ова на хартија и ќе заспиете за минута - трик кој докажано функционира

Точка

30/09/2020

17:14

2.417

Големина на фонт

а а а

Добриот сон е неопходен за добро здравје. Сепак, многу луѓе страдаат од несоница и хронична ненаспаност.

Па, како можете да постигнете добар сон? 

Според една студија, доволно е да напишете една работа пред да заминете на спиење - листа на задачи односно „to-do list“.

Една студија од 2018 година, објавена во Журналот на експериментална психологија, требало да открие како одредени рутини пред спиењето можат да влијаат на нашиот сон. Експертите откриле дека правењето на листа на задачи, само 5 минути пред заминувањето на спиење помогнало во постигнување на добар и квалитетен сон.


„Живееме во култура во која нѝ се чини дека листата на обврски постојано расте и не загрижуваат недовршените задачи пред спиење. Повеќето луѓе само поминуваат низ својата листа во главата, па сакавме да истражиме дали нивното запишување би можело да им помогне на луѓето полесно да се справат со потешкотиите поврзани со спиењето“, вели Мајкл К. Шулин, водечки автор на истражувањето.

Истражувачите набљудувале 57 учесници на возраст од 18 до 30 години, од кои било побарано да напишат список на задачи 5 минути пред спиење. На некои луѓе им била доделена задача да напишат список на незавршени задачи за наредните неколку дена, а на други им било кажано да напишат целосен список на задачи кои успешно ги завршиле во претходните денови.

Учесниците кои напишале список на задачи кои треба да ги извршат заспале многу побрзо отколку оние кои имале задача да напишат список на обврски кои веќе ги завршиле.


Додека многумина претпоставуваат дека пишувањето на идните задачи, што допрва треба да се случи, би можело да резултира само со понатамошна загриженост за овие работи, всушност се покажало како сосема спротивно.

Правењето на список што треба да се направи ја намалува веројатноста учесниците да размислуваат за овие незавршени задачи додека се обидуваат да заспијат.

Но, важно е да се нагласи дека студијата е ограничена само на испитаниците кои учествувале во истражувањето. Ниту еден од учесниците претходно немал проблеми со спиењето или други нарушувања кои исто така можат да влијаат на квалитетот на сонот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг