Од таборот на Астон Вила во текот на денешниот ден претставија навистина неочекувано засилување.
Нов фудбалер на клубот од Бирмингем е англискиот репрезентативец Рос Баркли кој на „Вила Парк“ пристигнува како позајмен фудбалер.
Трансферот е интересен и неочекуван затоа што Баркли добиваше своја минутажа од Френк Лампард во текот на новата сезона и запиша и еден погодок на натпреварот против Барнсли кој Челси го доби со 6:0.
Баркли е редовен англиски репрезентативец, а во дресот на Челси по неговото пристигнување од Евертон запиша 52 настапи.
– Носењето на играч со квалитетите на Рос е навистина одлично за нашиот клуб и јас сум прилично убеден дека тој ќе придонесе за подемот на нашиот тим, -изјави тренерот на Астон Вила, Дин Смит.