Мурињо се пошегува со головите на скопскиот стадион: Мислев дека сум пораснал...

Точка

25/09/2020

16:07

3.268

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо реагирал кај делегатите на УЕФА дека головите на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје не се по пропишаните стандарди, односно дека пречката е пониска од предвиденото.

Набрзо одговорните реагирале и стативите биле заменети, а англискиот клуб го доби дуелот против Шкендија со 1:3, со што се пласираше во следната фаза од Лига Европа.

Португалецот објави и фотографија со која го изнасмеа фудбалскиот свет - тој позира пред еден од головите на скопскиот стадион, а под фотографијата објавена на „Инстаграм“ напиша:

„Мислев дека сум пораснал, но тогаш сфатив дека голот е 5 сантиметри понизок“.

Во меѓувреме, Од АД за изградба и стопанисување реагираа и ги отфрлија тврдењата дека е направен пропуст во димензиите на рамката на головите на Националната арена „Тодор Проески“.


„АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена „Тодор Проески’’. Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот, висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана. На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра. Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа ригорозните инспекциски контроли на УЕФА. АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди“, соопштија од АДСДП.



Спонзорирани линкови

Маркетинг