Робертсон по неверојатниот јубилеј кој го оствари во Скопје: Малку ми е жал за мојата сопруга

Дерби

05/10/2026

12:00

180

Големина на фонт

а а а

Шкотска ја надигра Македонија во Скопје и одигра исклучително добар натпревар од почеток до самиот крај, а победата од 0:2 дефинитивни посебно ќе ја памети славниот член на Ливерпул кој од оваа сезона настапува за Тотенхем.

Енди Робертсон како капитен на националниот тим доби и убав подарок од Енис Барди пред почетокот на натпреварот, сето тоа како последица на јубилејниот 100-ти натпревар кој го дочека во репрезентативниот дрес.

Шкотскиот капитен влезе во „клубот 100“ во кој сега има само двајца играчи, а доколку одигра уште на три натпревари во периодот кој следи, Робертсон ќе го надмине славниот Кени Далглиш и ќе стане фудбалер со најмногу настапи во историјата на Шкотска (102).

– Ова достигнување ми значи се, ми значи се на мене, но и на моето семејство кое направи големи жртви да стигнам до тука. Безброј пати сум бил отсутен и навистина треба да се сочувствува со сопругата која се справува со децата дома, – со насмевка изјави Робертсон и продолжи.

– Ова е неверојатно патување за сите нас, се сеќавам на мојот прв натпревар против Полска под воство на Гордон Стракан, а оттогаш се се одвиваше со еден континуиран процес. Секогаш се трудам да бидам тука, да бидам присутен и да стојам на располагање. Имав голема среќа што можев да го облечам репрезентативниот дрес дури 100 пати.

– Се надевам дека ќе останам здрав и дека ќе успеам да го стигнам Далглош. Планот е да продолжам да играм за репрезентацијата, сакам да го носам дресот кој го носам со години. Би ми значело да го достигнам големиот Кени, па дури и да го надминам, – изјави левиот бек.