Еве колку долго луѓето ќе бидат имуни на Ковид-19 доколку ја примат руската вакцина

Точка

11/08/2020

15:12

4.918

Големина на фонт

а а а

Актуелната вакцина против коронавирусот успешно ја направија во истражувачкиот центар „Гамалеј“.

Луѓето кои што ќе ја примат руската вакцина против Ковид-19 ќе бидат имуни на Ковид-19 до две години.

„Вакцината настана во Истражувачкиот центар „Гамалеј“ кој што работеше во пронаоѓање на вакцината користејќи процедури за векторот аденовирус“ - изјавил министерот за здравје Михаил Мурашко.

Тој исто така ги пофалил и напорите на руските експерти:

„Би сакал да нагласам дека истражувачите од нашите научни центри уште од 1990-те години успешно експериментирале со подготовка за генска терапија.


Понатамошните истражувања формирани се во универзалната платформа за изработка на вакцина против различни инфективни болести, а на таквите платформи научните истражувачи и нашите експерти веќе успеале да создадат шест вакцини кои во различни мерки во употреба на Русија“ - изјавил Мурашко и ја навел како пример вакцината против ебола и корона вирусот од типот MERS-CoV.




Спонзорирани линкови

Маркетинг