Крајот на кралот на комедијата: Вака изгледале последните денови на Робин Вилијамс

Точка

11/08/2020

13:22

2.773

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Робин Вилијамс почина на денешен ден во 2014 година, a во негова чест пристигнува новиот документарен филм наречен “Robin’s Wish”.

Филмот ги истражува последните денови на познатиот комичар како и природата на невролошката болест со која тој се борел. Првиот трејлер за филмот е веќе објавен, а во него можеме да видиме голем број интервјуа и коментари од Вилијамс, а исто така и интервјуа со неговите пријатели и колеги. 


Во “Robin’s Wish” се зборува и за неговото самоубиство во 2014 година и наодите од аутопсијата која покажала дека актерот се борел со деменција. Колегите со кои работел на својот последен филм “Night at the Museum” за првпат зборуваат за промените кои ги забележале кај Робин во текот на снимањето. Филмот од агол на неговите најблиски ги претставува неговите последни денови и детали кои се криеле со години.

“Човечкиот мозок е неверојатна жлезда, тешка еден и пол килограм. Во тој момент кога мислиш дека ја разбираш, измислува нешто друго”, говорел Вилијамс.

Документарниот филм е во режија на Тејлор Норвуд, а за публиката ќе биде достапен од 1 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг