Ова е најлуксузниот хотелски апартман на светот – едно ноќевање чини колку луксузен стан во центар на Скопје

Точка

08/08/2020

12:20

4.644

Големина на фонт

а а а

„Palm Casino Resort“ е хотел со дури 10 ресторани, но и со најскапиот апартман на светот во кој што едно ноќевање по личност чини дури 100.000 долари.

Тој апартман се нарекува „Empathy Suite“ и претставува уметничка галерија, а ја дизајнирал уметникот Дамиен Хирст.

Инаку, оваа раскошна соба ја надмина и „Royal Penthouse Suite“ која што се наоѓа во хотелот „President Wilson Hotel“, а нејзината цена изнесува 80.000 долари од ноќ.

Овој хотел се наоѓа во Лас Вегас и има уште 1.200 соби распоредени во три кули, има ресторани, концертен театар и секако казино.

Надоградувањето на хотелот чинело околу 690 милиони евра, а зградата е основана во 2001-та година.

Цената на останатите соби, или пак вили, со оглед на тоа колкава квадратура имаат, се движи од 25.000 до 50.000 долари од ноќ.

По пријавувањето на рецепција, гостите добиваат 24-часовна батлерска услуга, паркинг, приватна уметничка тура низ хотелскиот имот и кредит од 10.000 долари кој што можат да го искористат во хотелот.

Секое катче од хотелот е детално осмислено, а особено се луксузни бањите.

Една од главните атракции таму е барот со 13 барски столици поради кои имате впечаток дека сте во некаков приватен клуб, а погледот кон Лас Вегас е магичен, особено навечер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг