Маестрално ја одигра улогата на кралицата Елизабета Втора во серијата „Круната“, а оваа година имала целосно црна коса во адаптацијата на Нетфликс на серијата „Гордост и предрасуди“. Но сега нејзиниот изглед е целосно променет.
Актерката Оливија Колман (52) вчера не можела да ја тргне насмевката од лицето додека чекорела по црвениот килим на Филмскиот фестивал во Цирих, по повод премиерата на нејзиниот нов филм „Wicker“.
Прославената актерка ги воодушевила присутните покажувајќи ја својата најдолга фризура во последните речиси десет години, гордо прифаќајќи ја својата природно побелена коса и локните. Последен пат толку долга коса имала уште во 2017 година, за време на лондонската премиера на филмот „Убиство во Ориент експрес“.
Се истакнала во елегантната бела комбинација
За оваа свечена пригода таа избрала бела блуза со асиметричен крој и нежен детаљ во форма на панделка, која ја искомбинирала со соодветни бели панталони со набори, шпицести чевли со високи потпетици и висечки обетки.

Нејзината шминка се состоела од нагласен црн ајлајнер, розово руменило и кармин во теракота нијанса.
Несекојдневна улога во новиот филм
Филмот „Wicker“, во режија на Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон, носи приказна во која Оливија глуми рибарка која бара од плетач на кошници, кого го толкува Питер Динклиџ, да ѝ направи сопруг од плетени гранки, кого го игра Александер Скарсгорд.
Скарсгорд во овој филм носи протеза преку целото тело, а филмот пристигнува во кината на 30 октомври.












