Ни се заканува генерациска катастрофа! Мрачна прогноза на првиот човек на ОН, еве кој би можел да биде најголема жртва на пандемијата

Точка

04/08/2020

10:07

2.336

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес предупредил дека светот се соочува со "генерациска катастрофа" поради затворањето на училиштата поради глобалната пандемија на коронавирусот.

Тој додал дека безбедното враќање на учениците во училниците мора да биде најголем приоритет, пренесува "Guardian". 

Гутереш во видео-изјавата потсетил дека од средината на јули се затворени училиштата во околу 160 земји, со што се погодени околу милијарда ученици, како и најмалку 40 милиони деца на предучилишна возраст.

На тоа, како што навел, треба да се додадат повеќе од 250 милиони деца кои не оделе во училиште ни пред пандемијата, како и дека во земјите во развој само четвртина од децата во средните училишта стекнуваат основни вештини.

"Сега се соочуваме со генерациска катастрофа која би можела да однесе незамислив човечки потенцијал, да го поткопа деценискиот напредок и да ја влоши постоечката нееднаквост", рекол Гутереш кој ја започнал кампањата на ОН "Да ја зачуваме нашата иднина".




Спонзорирани линкови

Маркетинг