Зеленски по разговорот со Трамп: Имаме добри идеи за побрз мир

Макфакс

14/06/2026

22:20

280

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштува за разговор со Доналд Трамп во врска со можностите за побрзо постигнување мир во Украина, нагласувајќи нови идеи и американската поддршка во конфликтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на војната во Украина, во пресрет на самитот на Г7 во Франција.

Зеленски соопшти дека му го честитал 80. роденден на Трамп и му се заблагодарил за американската поддршка во текот на војната.

„Разговаравме за тоа што би можело да помогне за побрзо постигнување мир. Имаме некои добри идеи кои би можеле да придонесат за тоа“, напиша Зеленски.

Тој додаде дека го информирал Трамп за последните случувања на фронтот и оценил дека променетата динамика на бојното поле отвора нови можности за мировен договор.

Во пораката до американскиот претседател, Зеленски посебно се заблагодарил за испораките на противтенковските ракети „Џавелин“ и системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои Украина ги смета за клучни во одбраната од руските напади.

Мировните преговори под американско посредство во моментов се во застој, додека вниманието на Вашингтон е насочено кон кризата со Иран. Сепак, Зеленски смета дека постои нов „прозорец на можности“ за постигнување договор за мир.