Кралот на луксузот: Bentley Continental GTC Mulliner

Точка

31/07/2020

17:31

1.140

Големина на фонт

а а а

Bentley симболично го избра француски Сен Тропе за светска премиера на својот суперлуксузен кабриолет.

За овој ексклузивен Bentley Continental GTC одговорно е специјалното одделение Mulliner. Луксузниот кабриолет го красат бројни елементи кои го носат потписот и печатот на ова оддление, вклучувајќи ги уникатните 22-инчни фелни и посебно дизајнираниот ентериер на автомобилот.


Купувачите ќе можат да изберат една од осумте тробојни комбинации на внатрешноста на автомобилот, додека понудата на надворешноста ќе биде проширена на дури 88 нијанси.

Меѓу опциите за кои купувачите ќе мора да доплатат е премиум 20-каналниот аудио систем со 18 звучници и 2,200 вати.


Bentley Continental GTC Mulliner може да се нарача во две варијанти.

Под хаубата на основниот модел е сместен 4,0-литарскиот twin-turbo V8 мотор кој овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 4,1 секунда и максимална брзина од 318 километри на час.


Покрај тоа, купувачите на располагање го имаат и 6,0-литарскиот W12 мотор кој овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 3,7 секунди и максимална брзина од 333 километри на час.





Спонзорирани линкови

Маркетинг