Rolls-Royce го најави моделот Ghost

Точка

27/07/2020

20:00

2.167

Големина на фонт

а а а

Наскоро пристигнува новиот модел на британската компанија под името Ghost.

Торстен Милер Отвос, шефот на британски Rolls-Royce изјави дека новиот модел Ghost ќе биде „најчистиот“ израз на нивната компанија.

„Ghost е најчистиот Rolls-Royce досега. Тоа ќе биде прекрасен, минималистички, но и многу сложен производ кој совршено се поклопува со потребите на нашите клиенти и верувам, е совршено во склад со времето во кое живееме“, изјави Отвос.

Новиот Ghost преминува на новата платформа која компанијата ја дели со BMW Series 7, а автомобилот ќе биде лансиран на дигиталниот настан оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг