Пред 35 години: Opel Ascona 1.8i e првиот германски автомобил со каталитички конвертор дизајниран за Европа

Точка

17/07/2020

17:22

5.749

Големина на фонт

а а а

Пред триесет и пет години, ерата на каталитичкиот конвертор започна во Opel. Во 1985 година, Opel Ascona 1.8i беше првиот германски автомобил со каталитички конвертор развиен специјално за европскиот пазар, наместо само изменет за извоз од САД.

Полициските сили во Рајнланд-Палатинат ги преземаа испораките на првата Ascona 1.8i со три насочен каталитички конвертор, всушност произведен на 7 декември 1984 година. Во текот на следната година, Opel воведе каталитички конвертори низ гамата на модели - од Corsa, Kadett и Ascona, до Rekord, Monza и Senator. Германскиот производител беше првиот европски бренд кој понуди три насочен каталитички конвертори како стандард. 


Каталитичките конвертори не се исти

Инженерите на Opel биле свесни дека европските услови во сообраќајот бараат соодветна технологија и квалитет. Затоа, тие развија катализатор, особено за европските услови на возење - исто како и кога станува збор за каросерија, суспензија, мотори и сопирачки. За Opel, тоа беше нешто повеќе од само инсталирање на каталички конвертор во издувниот систем; намалувањето на емисиите преку каталитички конвертор претставуваше комплицирана работа на „внатрешните органи“ на автомобилот.


Во споредба со конвенционалниот автомобил, дизајнот на возило со каталички конвертор бара бројни измени. На пример, конверторот зрачи многу топлина кога ќе ја достигна својата работна температура (600 степени Целзиусови). Затоа, компонентите чувствителни на топлина и патничкиот простор имаат потреба од заштита од рефлективни штитови. 

За да може каталитичкиот конвертор да работи со оптимална ефикасност, потребен е електронски систем за подготовка на мешавина и мноштво контроли, што пак ги направило неопходните дополнителни измени. Дури и на отворот за полнење на резервоарот за гориво беше потребен редизајн за да се спречат возачите погрешно да го наполнат резервоарот со олово наместо безоловен бензин.


Една милијарда германски марки за еколошки автомобили 

Opel посвети повеќе од една милијарда германски марки (DM), како и стотици инженери за развој на каталички конвертори и еколошки автомобил. Компанијата самата инвестираше 100 милиони ДМ во нова тест-опрема и тест опрема за тестирање на издржливоста и големите брзини. 

Новите капацитети вклучуваат и 13-катна висока „кула за натопување“. Во оваа изолирана зграда, повеќе од 130 автомобили би можеле да бидат подготвени истовремено за тестирање на емисиите. Стандардите бараа, пред тестот за емисии, секој автомобил да се чува најмалку 12 часа на температура од 20 до 25 Целзиусови степени.


Освен што нудеше автомобили со три насочен каталитички конвертор инсталиран во фабриката, Opel им понуди на клиентите комплет за дополнително вградување. Сепак, производителот на автомобили не беше задоволен со иновациите само во технологијата. Opel, исто така, презеде нови патеки во односите со јавноста. Компанијата им понуди на луѓето можност да се информираат себеси за каталитички конвертори и нивното вградување. Неколку часови секој ден, возачите и заинтересираните страни можеа да се јават на „телефонска линија“ и да добијат одговори на нивните прашања од прва рака од експерти на компанијата.


Денес, 35 години откако го воведе тринасочниот каталитички конвертор на Ascona 1.8i, Opel продолжува сериозно да ја сфаќа својата одговорност за животната средина. Следејќи го Opel Grandland X како плаг-ин хибрид и Opel Corsa-e на батеријата, брендот неодамна ги претстави новите Mokka-e, Vivaro-e и Zafira-e Life, сите со чист електричен погон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг