[ФОТО] Карабинерите добија „Maserati“ – но нема да бркаат криминалци

Точка

01/11/2025

10:29

1.316

Големина на фонт

а а а

И покрај сите турбуленции што ја потресуваат италијанската автомобилска индустрија, локалната полиција сè уште има можност да избира меѓу врвни автомобили.

Покрај веќе традиционално присутниот „Ferrari“, сега се приклучи и „Maserati“. Моделот „MC Pura“ е редизајнирана верзија на суперавтомобилот „MC20“, а еден примерок од него од денес е во сопственост на италијанската полиција — поточно, на карабинерите.


Автомобилот има карбонска шасија и twin-turbo 3,0-литарски мотор „Nettuno V6“ со 630 коњски сили и 730 N/m вртежен момент. Моторот е поврзан со осумстепен менувач со двојна спојка, кој ја пренесува силата на задните тркала.


Оваа поставка овозможува на суперавтомобилот со маса од 1.475 килограми да забрза од 0 до 100 km/h за само 2,9 секунди и да достигне максимална брзина од 320 km/h.


Сепак, овој „Maserati“ нема да биде користен за полициски потери. „MC Pura“ ќе служи за итен транспорт на органи и крв. Возилото доби полициски бои, ротирачки светла на покривот и браниците, а внатрешноста е прилагодена на специјалната функција — со вградена опрема за одржување на органите во соодветни услови за време на транспортот, пренесува „Revijahak“.


Покрај „Maserati“, карабинерите добија и нова „Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio“. Таа е опремена со twin-turbo 2,9-литарски мотор „V6“ со 520 коњски сили и механичка блокада на задниот диференцијал. Овој автомобил, за разлика од „MC Pura“, навистина ќе биде користен за потери и справување со прекршителите на законот.