Шведски епидемиолог: Малку докази ја поврзуваат смртноста со невоведувањето карантин

Макфакс

16/07/2020

15:16

191

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Шведска да ги остави училиштата отворени за време на пандемијата на коронавирус не резултираше со поголема стапка на заразата меѓу учениците, туку во соседна Финска, каде што училиштата беа привремено затворени, се наведува во заедничкиот извештај на нивните агенции за јавно здравје.

Шведска одлучи дека нема да наметне строги мерки за затворање така што поголем дел од училиштата и компаниите работат цело време откако изби епидемијата во оваа земја. Нејзината стратегија беше поинаква од онаа на останатите земји во Европа.

Шведската агенција за јавно здравје тврдеше дека негативните последици од затворањето на економијата и општеството ќе ја надминат користа и дека тоа се однесува и на училиштата.

Извештајот покажува дека во периодот од 24 февруари до 14 мај биле забележани 1.124 потврдени случаи на Ковид-19 меѓу децата во Шведска, околу 0,05 отсто од вкупниот број деца на возраст од 1 до 19 години.

Финска, пак, забележала 584 случаи во истиот период, што е исто така околу 0,05 отсто.

„Како заклучок, затворањето или незатворањето на училиштата немаше мерливо директно влијание врз бројот на лабораториски потврдени случаи кај училишни деца во Финска или Шведска“, се вели во извештајот.

Сепак, бројот на починати од коронавирус во Шведска – 5.572, во споредба до бројот на жители, далеку ги надмина бројките на починати кај нејзините нордиски соседи, иако е помал од бројот кај некои европски земји кои беа под карантин, како Британија и Шпанија.

Државниот епидемиолог Андерс Тегнел, кој го смисли шведскиот одговор на епидемијата, рече дека има малку докази што ја поврзуваат смртноста со недостигот на карантин и наместо тоа укажува на условите во старечките домови, децентрализираниот систем на здравствена заштита и патувањето.

Одделни студии на шведскиот Институт Каролинска (КИ), независен институт за медицински истражувања и Европската мрежа на народни правобранители за деца и УНИЦЕФ, покажале дека шведските деца поминале подобро за разлика од децата во другите земји за време на пандемијата, и во однос на образованието и менталното здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг