Мурињо по победата на единствениот стадион на кој немаше триумф: Конечно ќе го погледнам Робсон со насмевка!

Дерби

16/07/2020

14:17

1.760

Големина на фонт

а а а

Иако има работно искуство од речиси цела деценија во Премиер лигата, Жозе Мурињо вчера за првпат победи со еден тим на „Ст. Џејмс парк“, откако неговиот Тотненхем славеше со 1:3 против Њукасл.

Мурињо во минатото водеше великани како Челси и Манчестер Јунајтед, но никогаш не успеа да победи на стадионот на Њукасл, се до изминатава вечер во која неговите избраници славеа доста уверливо на традиционално тешкото гостување.

Португалскиот стручњак беше свесен дека ова е прв триумф за него во Њукасл, а по средбата, не пропушти да потенцира дека ќе му биде посебно мило што со насмевка на лицето ќе мине крај статуата на својот ментор, легендарниот Сер Боби Робсон.

Незаборавниот Сер Боби има статуа пред „Ст. Џејмс парк“ поради се што направи за клубот, но меѓу другото, тој беше и ментор на Мурињо во почетоците на Жозе во тренерските води.

– Чувството е одлично, но не поради тоа што ова беше едиствениот стадион во Англија на кој немав победено претходно. Немам проблем со тоа.

– Среќен сум за тимот, среќен сум што конечно ќе можат да го напуштам стадионот и да минам крај статуата на Сер Боби Робсон со насмевка. Секогаш кога доаѓав тука, при излагање тажно ја гледав статуата на Робсон. Првпат ќе минам крај него со насмевка на лицето, – порача Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг