Видео: Полицајци и војници во Ниш одбија наредба да тепаат демонстранти

Точка

09/07/2020

22:12

5.803

Големина на фонт

а а а

Неколку илјади граѓани и вечерва протестираа во центарот на Белград, Нови Сад и Ниш.

Луѓето одговорија на повикот објавен на социјалните мрежи со седење на улиците да се дистанцираат и издвојат од провокациите кои вчеравечер предизвикаа безредија и жесток судир со полицијата.

Демонстрантите пред српското собрание истакнале и натписи со наслов „Не наседнувај на провокациите, седни” и „Апси ги хулиганите, не го тепај својот народ”. Засега не се забележува големо полициско присуство, иако според медиумите, полициски кордон и коњица се распоредени во близина на парламентот.

Потресните сцени како полицијата тепа демонстранти на улиците во Белград и Нови Сад предизвикаа лутина и покренаа лавина дискусии за тоа што им е дозволено, што не, каде е границата на полициските овластувања и каде почнува агресијата. Сепак, полицијата и 63-та падобранска бригада во Ниш немаа таква дилема, туку ја покажаа својата хумана страна.

Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува дека има такви меѓу полицијата што не сакаат да го тепаат својот народ. Кога група демонстранти се собраа пред полициската станица во Ниш и почнаа да извикуваат: „Извадете ги шлемовите“, целиот кордон под целосна опрема не возврати со сила, туку се повлече кон станицата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг