Заштита од коронавирус: Пар од Русија изградил огромна пирамида во сопствениот двор од бизарни причини

Точка

06/07/2020

17:31

5.023

Големина на фонт

а а а

Пар од Истинка, мало село сместено на 12 километри од Санкт Петербург во Русија, изградил бетонска реплика од Големата пирамида во Гиза – во сопствениот двор.

Пирамидата на Андреј Вакрушев и неговата сопруга Викторија е 19 пати помала од египетската, која им била инспирација. Висока е 9 метри и се протега на 9 метри во длабочина. Пирамидата е направена од околу 400 тони бетонски блокови. 

Двојката вели дека со години го проучувале дизајнот на Кеопсовата пирамида и неколку пати ја посетиле за да направат детална реплика. Откако ја пресметале точната големина на нивната пирамида, Андреј и Викторија минале еден месец во потрага по градежна компанија која е подготвена да ја изгради според нивните спецификации. Бројни фирми ги одбиле, но на крајот нашле компанија на која им се допаднала идејата.

Не е јасно колку траела изградбата, но руските медиуми започнале да известуваат за неа во март. Андреј и Викторија изнеле прилично луди тврдења за својата пирамида, вклучувајќи ја и онаа дека може да ги заштити луѓето од штета и да ги излекува.

На пример, “Невски Њуз” напишал дека Андреј рекол дека сите работници кои биле повредени во текот на изградбата на пирамидата, се излекувале благодарение на неа. Тој исто така изјавил дека тој и неговата сопруга започнале да градат пирамида за да ја спасат Земјата.

Според “Метро Њуз”, Викторија рекла дека пирамидата може да го подобри имунитетот и да заштити од инфекција со коронавирус.

Оние кои сакаат да ги искористат “лековитите и заштитни моќи на пирамидата”, ќе можат да резервираат престој во нејзината внатрешност за да медитираат и да се исполнат со нејзина енергија. Меѓутоа, за тоа ќе мора да платат помеѓу 3500 и 10000 рубљи по ноќевање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг