Една работа е пресудна, а симптомите се речиси исти – по што се разликува Ковид-19 од стомачен вирус?

Точка

06/07/2020

09:20

3.309

Големина на фонт

а а а

Засега во поголемиот дел од државите на сметка на државата на Ковид-19 се тестираат само оние пациенти кои што имаат покачена телесна температура, кашлање, болка во градите.

Инфекцијата коронавирус кај поголемиот дел од заразените пациенти проследена е и со стомачни проблеми. Со оглед на тоа што во текот на летото има многу стомачни вирози, многу е важно да се разликуваат симптомите кои што укажуваат на инфекцијата Ковид-19 и оние кои што укажуваат на ''обична настинка и стомачен вирус'' или пак евентуално труење од храна.

Доктор Срѓан Марковиќ вели дека не е едноставно да се направи таквата разлика, но дека постојат некои одредени знаци.

„Доколку Ковид-19 е причина за гастроинтестинални тегоби, најчесто се појавува и зголемена телесна температура, респираторни тегоби, малаксаност, губење на сетилото за мирис.

Значи, за разликување на клиничката слика, важни се епидемиолошките податоци како и дополнителните дијагностички методи во случај на зараза од Ковид-19“.


„Според едно истражување кое што опфатило 206 хоспитализирани пациенти со полесна клиничка слика во Вухан, 48 од нив имале само дигестивни симптоми, додека пак 69 од нив имале и дигестивни и респираторни тегоби, а останатите 89 имале само респираторни симптоми“ - вели д-р Марковиќ.

Некои од истражувањата укажуваат на тоа дека дел од пациентите имале дијареа и мачнини, па респираторни проблеми. Друго истражување кое што опфатило 1.099 пациенти, укажало дека дијареата била присутна само кај 4 отсто од заболените од Ковид-19, а повраќањето кај 5 отсто од пациентите.

„Пациентите со хронични инфламаторни болести на цревата можат да имаат дијареа која што е поврзана и со некои други болести, па специјалистите мора да имаат предвид со претходно поставената дијагноза кај одредени пациенти“ - истакнува д-р Марковиќ и додава дека уште многу работи мора да се набљудуваат низ призмата на Ковид-19.

Во случај клиничката слика и епидемиолошките наоди да укажуваат на Ковид-19, потребно е да се направи крвна слика.

„Доколку пациентите имаат само акутна дијареа, потребно е да направите анализа на столицата“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг