Ајкула убила 20-годишен нуркач: Го гризнала за ногата, на момчето му немало спас...

Точка

04/07/2020

19:49

5.272

Големина на фонт

а а а

Нуркач на 20-годишна возраст починал после напад од ајкула на австралиското крајбрежје во Квинсленд.

Нападнат бил во близина на источниот брег на островот Фрејзер.

Починал на лице место иако доктор и медицинска сестра веднаш му пружиле прва помош, а потоа и другите лекари кои стигнале со хеликоптер.

И покрај итната интервенција, невозможно било да го спасат нуркачот кој бил гризнат од ајкула, соопштила службата за Брза помош во Квинсленд.


Нападот се случил недалеку од местото каде што 23-годишен ловец на диви животни во април смртно настрадал од голема бела ајкула.

Полицијата на државата Квинсленд не успеала да ја идентификува денешната жртва, рекле дека се чека извештајот од лекарите.

Најмалку четири лица починале од напад на ајкула во Австралија оваа година.

Во јуни настрадал 57-годишен нуркач во Нов Јужен Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг