Роверот на „НАСА“ нема да биде лансиран на Марс до 30-ти јули

Точка

01/07/2020

15:48

483

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција повторно го одложи лансирањето на својот ровер "Perseverance" на Марс.

„НАСА“ и "United Launch Alliance" првобитно го поместија лансирањето на роверот од 17-ти на 22-ри јули, а сега потврдија дека истото нема да се случи пред 30-ти јули. Причината за ова се проблемите со процесот на лансирање кои биле воочени за време на вежбите, односно податоците кои ги покажувале сензорите за течен кислорд.

Поради овој проблем, на тимот задолжен за мисијата му е потребно повеќе време да процени што точно се случило и да го реши проблемот пред лансирањето.


Исто така, најавено е вршење на анализи дали е потребно дополнително да се продолжи рокот. Се очекува дека роверот ќе слета на кратерот Езеро на Марс на 18-ти февруари 2021-ва година.

„НАСА“ се подготвува за оваа мисија веќе со години, а очигледно треба да се решат и најситните детали за експедицијата да биде успешна. Целта на мисијата е истражување и утврдување дали на Црвената планета постоел живот, а освен тоа, се размислува и за носење на примероци од тлото на Марс на Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг