Спасовски: Нема причина за нова вонредна состојба, избори мора да има

Макфакс

13/06/2020

15:59

976

Големина на фонт

а а а

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска во Струмица изјави дека веќе нема причина за нова вонредна состојба и дека избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет, затоа што мора да се справуваат со пандемијата и со економската криза.

„Во моменти кога не може да се договорат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните“, рече премиерот Спасовски, кој соминистерот за здравство Венко Филипче беше во посета на Струмица, каде извршија увид на работата на новото болничко крило во Струмичката болница.




Спонзорирани линкови

Маркетинг