Тој успеал да биде полицаец и демонстрант во исто време: Овој детаљ на полицаецот пред Белата куќа малку кој го видел

Точка

08/06/2020

13:53

2.499

Големина на фонт

а а а

Поларизацијата и поделбите во Америка изгледа дека никогаш не биле поголеми. И додека на протестите кои траат веќе 12 дена поради полициската бруталност и убиството на Џорџ Флојд често може да се видат фотографии од судири и нереди, фотографијата на еден полицаец пратила поинаква порака.

Во близина на Белата куќа која посветено ја чува, еден полицаец, со афроамериканско потекло, употребил еден детаљ за јасно да го изрази својот став. 

Станува збор за заштитна маска за лице, со оглед на тоа дека мерките против ширењето на коронавирусот се уште се на сила, на која пишува "Не можам да дишам". Тоа се последните зборови на убиениот ЏОрџ Флојд на кој полицаецот му клечел на вратот по приведувањето.

Последните зборови на Флојд станале честа парола на демонстрациите кои од САД се прелеале на други делови од светот, станувајќи така симбол на борбата против репресијата.

Деталот на маската на овој полицаец не бил видлив од далеку, што веројатно значи дека станува збор за личен став.

Тој бил таму да го чува редот и мирот, професионално да ја врши својата задача додека стои на зададената позиција, но истовремено го изразува својот протест против репресијата и расизмот кој во Америка е се почеста тема. Го претставува законот, но воедно е и демонстрант.

Инаку, потезите на многу полицајци минатите денови покажале дека тие се на иста страна со народот, иако по убиството на Флојд целата јавност се завртела против моќниците во униформи со значка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг