[ВИДЕО] „Дизниленд Реквизити“, фирма од Чаир, бесправно и без сертификат за безбедност монтира панорамско тркало кај Борис Трајковски - децата не се безбедни

Точка

18/05/2024

13:44

3.285

Големина на фонт

а а а

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Град Скопје информира дека правното лице „Дизниленд реквизити“, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од таму.

Иако во видеа на социјалните мрежи стартот на привремениот Луна Парк се најавуваше за 17 мај (вчера), паркот сè уште не е пуштен во употреба.