Колку луѓе умираат во текот на полициските акции во Америка? Статистиката ја покажува целата бруталност

Точка

08/06/2020

12:14

4.042

Големина на фонт

а а а

Во последните две седмици ширум САД се одржуваат протести поради убиството на Џорџ Флојд во текот на неговото апсење.

Флојд е само еден од многуте граѓани на САД кои секоја година страдаат поради постапките на полицијата, а статистиките покажуваат дека полицијата во Америка апси и затвора повеќе луѓе отколку во другите развиени земји. 

Помеѓу земјите-членки на Г7, САД отскокнуваат во поглед на смртниот исход во текот на контактот со полициските службеници, додека лицата со црна боја на кожа се најмногу погодени од тој вид насилство, пренесува “CNN”.

Во САД има двојно повеќе смртни случаи и по приведувањето отколку во Австралија, а 6 пати повеќе отколку во Велика Британија (во сразмер апсење и смртни исходи).

Според податоците на американскиот Завод за статистика на правосудството (BJS) од јуни 2015 до март 2016 година се евидентирани 1.348 такви смртни случаи, што би значело дека таквите убиства се случуваат 135 пати во текот на еден месец или нешто повеќе од 4 дневно.

Во споредба со тоа, во Велика Британија во сличен период, во текот на полициска интервенција починале само 13 лица.

Најмногу погодени се граѓаните со црна боја на кожа

За граѓаните на САД е поголема веројатноста дека ќе бидат уапсени или притворени за разлика од своите врсници ширум светот.


Во оваа земја во 2018 година биле уапсени 10.310.960 луѓе, односно секој 32-ри државјанин.

Лицата со црна боја на кожа сочинуваат една третина од американската популација во затворите и покрај тоа што сочинуваат само една осмина од вкупното население во оваа земја. Според една студија од 2016 година, објавена во научното списание “American Journal of Public Health”, полициските службеници почесто употребуваат сила над црните Американци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг