Интернетот преплавен со бизарни теории зошто Кардашијанката го промени изгледот

Точка

26/05/2020

19:37

5.746

Големина на фонт

а а а

Новиот изглед на Клои Кардашијан е актуелна тема на речиси сите социјални мрежи, портали и форуми.

Имено, на 'селфито' кое го објави пред три дена, следбениците тврдат дека изгледа сосема поразлично. Некои велат дека изгледа како друга личност секоја година, споредувајќи го нејзиното сегашно лице со старите фотографии и тврдат дека го променила со операции. Во одбрана на ријалити ѕвездата застанале нејзините фанови, кои изнеле бројни теории за тоа зошто изгледа така.

View this post on Instagram

location: under bitches skiiiinnnnn ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Еден обожавател сугерирал дека ѕвездата на „Keeping Up With The Kardashians“ само сака да изгледа исто како нејзините сестри Кортни и Ким. На форумот било напишано дека Клои ги мрази работите кои ја прават различна од нејзините сестри.  

Меѓутоа, некои отишле чекор понапред, повикувајќи се на гласини дека Клои нема исти татко како останатите сестри. Дури и пред операцијата и Фотошопот, секогаш се разликувала од останатите сестри, тврдат некои нејзини следбеници.

Гласините кои и претходно се појавиле, зборуваат за тоа дека Клои е ќерка на поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, О. Ј. Симпсон, поради што наводно не изгледа како остатокот од нејзиното семејство.

Клои природно има руса коса, додека останатите нејзини сестри се темнокоси, како и нејзините родители.

View this post on Instagram

She is the best mommy EVER!!! Our Queen!!!!

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Симпсон бил многу близок пријател со родителите на Клои, Роберт Кардашијан и Крис Џенер. Тој ги демантирал овие гласини на Твитер, а на следбениците им рекол дека Крис никогаш не го привлекувала.

Во расправиите се јавиле и обожавателите на Клои кои ја молеле да сфати дека не мора да изгледа како нејзините сестри за да биде убава. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг