Mercedes ги претставува редизајнираните E Class купе и кабриолет на 27-ми мај

Точка

19/05/2020

16:30

2.187

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител на почетокот на март во пресрет на избивањето на пандемијата на коронавирусот го претстави рестилизираниот E Class во лимузинска и караван верзија, а дебито на купе и кабриолетот ќе се случи кон крајот на овој месец.

Се очекува двата модели да се разликуваат од актуелните верзии по новиот дизајн на светлата и предната маска, додека најголеми промени на задниот дел ќе има кај стоп светлата.

Во внатрешноста ќе доминираат двата споени екрани од по 12,3 инчи кои ќе изгледаат како еден голем таблет. Екранот пред возачот ќе служи како дигитална инструмент табла, додека десниот екран ќе биде опремен со MBUX инфотејнмент системот на Mercedes.


Во рамките на редизајнираниот E Class купе ќе биде претставеена и унапредената верзија на спортскиот E53 AMG со 453 коњски сили и 520 Nm максимален обртен момент.

Повеќе технички податоци за рестилизираниот E Class купе ќе бидат познати на 27-ми мај кога ќе бидат објавени и првите официјални податоци на моделот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг