Најголемата социјална мрежа на светот конечно почнала со пуштање на новиот сајт за сите корисници. Најавуваат дека целосно преминување би требало да се случи во наредните неколку недели. Новиот “Facebook” сајт ќе го видат сите оние кои ја користат оваа мрежа на десктоп компјутерите.
По изјавата на Марк Цакерберг дека во план е редизајн уште во текот на минатата година, “Facebook” полека почнал да го тестира новиот дизајн на мала група на корисници, а тоа тестирање почнало уште во октомври 2019-та година. Од минатиот месец, голем дел од корисниците имале можност да преминат на новиот дизајн.
Новиот дизајн на "Facebook" има поедноставен изглед и навигација, а во горниот дел е овозможен полесен пристап до главното мени, до видеата, продавниците, групите и гејминг страните.
Found this today @Facebook came with a new look and also Dark Theme#developer #techie pic.twitter.com/xBFUx4il1P
— Manthan Mitaben Ladva 🇮🇳 (@manthan_ladva) May 12, 2020
Исто така, може да се забележи дека синиот тон на компанијата повеќе не преовладува во изгледот. Тоа е направено за да може полесно да се префрли на темен мод. Компанијата тврди дека страните ќе се вчитуваат побрзо, односно дека преминувањето од мени во мени ќе биде неспоредливо побрзо со новиот сајт.
Освен тоа, се наведува дека е унапреден респонсивниот дизајн, така што вчитувањето ќе биде побрзо и на различни големини на екранот. Се истакнува дека промената ќе биде многу поочигледна кај корисниците на Windows 10.