[ФОТО/ВИДЕО] Чиле: Со човечка коса во борба против сушата

Точка

06/07/2025

16:36

1.083

Големина на фонт

а а а

Мали простирки направени од човечка коса се користат во Чиле за обложување на земјата со цел задржување на влагата во овоштарниците низ целата земја, која со години се бори со суша.

Влакната, кои со механичко ткаење се претвораат во компактни простирки, го намалуваат директното испарување за 71% и заштедуваат до 48% од водата за наводнување, според фондацијата „Matter of Trust Chile“, која ги произведува простирките од коса.

„Влакната се многу интересни. Содржи хранливи материи, азот, калциум, сулфур и органска материја што се додава во почвата, подобрувајќи ја и зголемувајќи го растот на растенијата и земјоделското производство за најмалку 30%“, рече Матија Каренини, извршен директор на фондацијата.

Земјоделката Марија Салазар изјави дека косата им помогнала на нејзините лимонови дрвја да дадат одлични приноси во Талтал, околу 900 километри северно од чилеанската престолнина, во сушниот регион Антофагаста.


„Простирките од коса носат голема придобивка за системот“, рече Салазар. „Тие ја одржуваат почвата во сенка, задржуваат многу влага и спречуваат да испари она малку вода што ја имаме“, додаде таа.


Околу 2% од косата доаѓа од домашни миленици     

Фондацијата била основана во 2020 година за да промовира зачувување и регенерација преку креативна употреба на отпадот. Косата се набавува преку договори со 350 салони и 10 фризерски салони за домашни миленици ширум Чиле, при што околу 2% од косата што се користи во простирките доаѓа од домашни миленици.


Други производи на фондацијата вклучуваат течно ѓубриво направено од рециклирани влакна и апсорбент на база на коса што се користи за екстракција на масло, метали и други загадувачи од водата.