За првпат по напуштањето на кралската должност се појави видео од Меган Маркл и тоа на Инстаграм профилот на организацијата “Smart Works” која им помага на невработените жени во припремите за разговори за работа.
Меган на снимката ѝ дава совети на една девојка која се припрема за разговор за приправник. Таа со младата Британка комуницирала преку видео повик од својот дом во Лос Анџелес.
Покрај снимката во која ја охрабрува девојката која неодамна дипломирала на студии по психологија, објавена е и пораката која Маркл ѝ ја испратила на организацијата.
“Ми беше голема чест да се сретнам и да учам од толку талентирани жени од мрежата на “Smart Works”, а неодамна и да ја видам неверојатната работа која ја работат за да ги прилагодат своите програми на оваа пандемија. Нивната спосбност и понатаму да ги охрабруваат жените и да им ја зацврстуваат самодовербата која им е потребна за успех во ова време е инспиративна”, порачала Меган.
Таа и Хари моментално живеат во Лос Анџелес, заедно со синот Арчи.