Канадската поп-панк икона Аврил Лавињ предизвика вистински шок кај обожавателите ширум светот со објавата дека станала мајка на девојче. Таа успешно ја криела бременоста цели девет месеци, а подеднакво мистериозна останала и во однос на идентитетот на мажот со кој основала семејство.
Лавињ ја сподели среќната вест на Инстаграм преку серија нежни црно-бели фотографии, придружени со опис кој алудира на нејзиниот светски хит „Girlfriend“.
На фотографиите таа ја држи својата новородена ќеркичка, облечена во комбинезон со леопардски принт, додека нејзиниот препознатлив рокерски стил доаѓа до израз на фотографијата со скејтборд.
На фотографијата може да се види штица со наредени три пара култни патики „Ванс“ со шаховски дезен – машки, женски и минијатурни детски, со што пејачката суптилно откри дека во семејната идила ужива заедно со својот партнер.
Иако девојчето го нарече своја „мала принцеза“, нејзиното име и точниот датум на раѓање засега одлучи да ги задржи во тајност.
Кој е мистериозниот татко?
Она што најмногу ја буди љубопитноста на јавноста е целосната таинственост околу нејзиниот љубовен статус. Иако трите пара патики јасно укажуваат на присуството на маж во нејзиниот живот, идентитетот на таткото на детето сè уште останува целосна мистерија.

Љубовниот живот на славната рокерка со години ги полнеше насловните страници на таблоидите. Зад себе има два брака со познати рок-музичари: првиот со фронтменот на групата „Сам 41“, Дерик Вибли, а потоа и со пејачот на групата „Никелбек“, Чад Крегер. Нивната венчавка на југот на Франција во 2013 година остана запаметена по црната венчаница и готскиот стил.

*Аврил Лавињ во Лос Анџелес во април - нејзиното последно појавување во јавноста пред да објави дека родила девојче
По разводот, таа била свршена со музичарот Мод Сан, со кого ненадејно ја прекина врската на почетокот на 2023 година, а големо внимание привлече и нејзината кратка, но интензивна врска со раперот Тајга.









