Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието со објава на Инстаграм. Пејачката (57) сподели неколку фотографии по тренингот, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажа својата фигура, откри и со што сака да се почести по вежбањето – со колачиња и млеко.
„Тренирај и јади колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.
Во коментарите набрзо почнаа да се нижат пофалби за нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ѝ ги оставија нејзините следбеници.
Најави концертен филм
Лопез на почетокот на неделата го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги прикажува најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.
Премиерата е најавена за Денот на благодарноста, на 26 ноември, на американската телевизиска мрежа CBS и стриминг-платформата Paramount+.

„Со ова шоу сакам да раскажам кратка приказна и да им оддадам почит на сите забавувачи кои пред мене стоеле на оваа сцена“, изјави Лопез во најавата.
За настапите се подготвувала и по 13 часа дневно
Пејачката во пресрет на премиерата им порача на гледачите да не престануваат да танцуваат, без оглед на животните предизвици.
Последната серија концерти во Лас Вегас ја одржа во март, а подготовките, според тврдењата на извор за „Daily Mail“, биле исклучително напорни. Во едно танцово студио во Северен Холивуд, наводно, заедно со танчерите ги вежбала кореографиите и до 13 часа дневно, со желба да ѝ приреди на публиката што е можно подобар настап.









