Го прекршија ветувањето: Наскоро ќе пристигне првиот џип на McLaren

Точка

04/04/2020

15:31

2.060

Големина на фонт

а а а

Иако пред две години од британската компанија порачаа дека нема да произведуват SUV модели, сепак, очигледно дошло до промена на плановите.

Првиот џип на McLaren со високи перформанси ќе го носи називот GTX, а се очекува првите испораки да започнат веќе на почетокот на април идната година.

Во McLaren со години тврдеа дека во својата понуда никогаш нема да имаат џипови, но сепак го прекршија ветувањето и наскоро ќе го пласираат првиот SUV кој се очекува да го зголеми профитот на компанијата.


Тој ќе биде заснован на неодамна претставениот модел GT и се очекува под хаубата да се најде 4,0-литарски biturbo V8 мотор со 600 коњски сили и 760 Nm максимален обртен момент кој силата ќе ја пренесува во комбинација со седумстепенски автоматски менувач.

Се очекува почетната цена на McLaren GTX да изнесува околу 190 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг