Сведоштво кое предизвикува бес – пандемијата на коронавирусот можела да се предвиди! Како овие работи никој не ги ‘забележал’?

Точка

01/04/2020

09:54

6.411

Големина на фонт

а а а

Пандемјата на новиот коронавируској што ја предизвикува болеста Ковид-19, можела да биде предвидена, пишува за Би-би-си, Брајан Волш, автор на книгата „Крајот на времето: Краток водич кон крајот на светот“.

Волш потсетува дека во октомври 2019-та година, ја гледал симулацијата која вклучувала фикционална пандемија предизвикана од новиот коронавирус во текот на која починале 65 милиони луѓе, и дека во текот на изминатите 15 години не постоело истражување или пак студија во која што не се предупредувало дека ‘само прашање на време е кога ќе избие глобална пандемија која што во себе ќе вклучува нови респиратони болести’.

Во разговор за Би-би-си експертите во 2018-та година изјавиле дека постојат милион неоткриени вируси на светот и дека шансата дека следната пандемија ќе биде предизвикана од некој нов вирус е многу голема.

Според податоците од 26-ти март 2020-та година, потврдени се над 470.000 случаи на Ковид-19 и над 20.000 смртни случаи во светот.

Брајан, истакнува дека ‘војните, земјотресите и вулканите не убиле приближно толку луѓе колку што убиле бактериите, вирусте и паразитите'.


Така, за маларијата наведува дека секоја година убива околу половина милион луѓе.

„Црната смрт“ која што најверојатно ја предизвикала иста патогена чума, убила 200 милиони луѓе во 14-от век. Од големи сипаници во текот на 20-от век починале 300 милиони луѓе. Од грип, во 1918-та година починале меѓу 50 и 100 милиони луѓе, односно повеќе и од Првата светска војна.

На прашањето зошто патогените се толку ефикасни во ‘масовните убиства’, Волш истакнува дека тие се самореплицираат – го инфицираат домаќнот кој што станува фабрика за произведување на повеќе вируси како што се размножуваат бактериите во соодветна околина.

Сепак, Волш истакнува дека иако бројот на починати од инфективни болести се намалува, тие не исчезнале туку дека во текот на изминативе години се појавил поголем број на истите, како Ковид-19, САРС или МЕРС...

Една од причините за тоа е тоа што бројот на жители на планетата Земја во последните 50 години е дуплиран, а бројот на домашни животни во овој момент е многу поголем од изминатите 10.000 години, а вирусите можат да преминат и од животните на човекот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг