Мексикански службеник шокирал со тврдењето за тоа кој е имун на коронавирусот: Научниците му порачале дека е идиот

Точка

26/03/2020

22:08

8.785

Големина на фонт

а а а

Мексиканскиот службеник ја шокирал јавноста со тврдењето дека сиромашните луѓе се имуни на коронавирусот кој го проголтал светот.

Мигел Барбоса, гувернер на градот Пуебла, тврдел дека повеќето случаи на заболени од COVID-19 во земјата се богаташи. 

"Ако сте богат, ризикувате. Ако сте сиромашен, не...Ние сиромашните луѓе, сме имуни", вели тој.

Но, водечките научници денес го критикувале Барбоса, нарекувајќи го идиот, и рекле дека неговата теорија е "неверојатно глупава".

Властите велат дека три четвртини од 475-те случаи на заразени се однесуваат на патниците од меѓународните патувања, а сиромашните немаат многу шанси за патување.

Некои очигледно вирусот го добиле од патувањата во Италија или САД.

Не постојат научни докази кои сугерираат дека сиромашните на било кој начин се имуни на вирусот.

Професорот Пол Хантер, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, го критикувал тврдењето на Барбоса.

"Тој е идиот. Тоа е апсолутно глупаво. Нема воопшто докази за тоа што тој го зборува".

"Што ќе се случи, многу луѓе ќе помислат дека не треба да се грижат поради вирусот, што ќе го зголеми неговото ширење".

Според него, сиромашните луѓе може да бидат изложени со поголем ризик, бидејќи имаат тенденција да бидат слаби и не можат да си дозволат квалитетна медицинска нега, во земјата каде нема универзален пристап.

"Во голем број случаи оваа пандемија им нанесува поголема штета на сиромашните луѓе отколку на богатите".

Исто така предупредил дека во некои од најсиромашните земји на светот, 70 годишна возраст доживуваат само богатите, а тоа се години на зголемен ризик од коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг