Суперавтомобилот McLaren Elva нема ветробранско стакло, а британската компанија демонстрираше како автомобилот „го сече ветерот“ при големи брзини.
McLaren Elva е последното ремек дело на британската фабрика за суперавтомобили – буквално се што е поврзано со овој автомобил го одзема здивот, од дизајнот, преку перформансите, па се до самиот звук на моторот.
За перформансите е задолжен 4.0-литарскиот V8 мотор кој произведува 804 коњски сили кои овозможуваат овој автомобил под 3 секунди да забрза до 100 километри на час.
Тоа што е посебно интересно е што овој автомобил нема ветробранско стакло, па логично е да си го поставите прашањето како е да се вози, посебно при големи брзини. Подолу видеото ќе ви објасни се.