Во своето радикално книжевно дело Иво Андриќ опишал “чума“ слична на коронавирусот...

Точка

20/03/2020

16:28

2.808

Големина на фонт

а а а

Откако кај нас е воведена вонредна состојба во цела држава, повеќето од нас сме во своите домови, а треба да бидеме сите! Една од најдобрите можни активности кога времето го поминувате дома е читањето книги.

Романот „Мостот на Дрина“ е едно од најпознатите дела на нобеловецот Иво Андриќ, а истото раскажува за градењето на мостот над реката Дрина во босанскиот град Вишеград.

Ѕидањето на мостот го нарачал Мехмед паша Соколовиќ, познатиот претставник на Османлиското царство кој бил Србин по националност, а околу градењето на мостот се испреплетуваат и многубројни човечки судбини во различни периоди од животот.

Еден од деловите на книгата во кој што се раскажува за чума, нешто слично на оваа ситуација во која што се справуваме денес во ова модерно време, а истото ни покажува дека отсекогаш постоела закана по живот од опасни болести како и систем мерки со кои се превентира колку што е можно, да се запре истата.


Прочитајте го следниот извадок од книгата и споредете со денешната состојба и борба против коронавирусот, какви биле мерките тогаш и колку луѓето се придржувале до нив:

„За тие 25 години од средината на XIX век, во Сараево двапати имало чума и еднаш колера. Во таквите ситуации жителите се придржувале до упатствата, според традицијата, а Мухамед на своите верници им порачал да останат дома во случај на зараза. Додека болеста владее на некое место, не одете таму затоа што може да се заразите, а може да заразите и други. Кога луѓето не се придржуваат до никакви упатства тогаш Власта може да го запре нивното движење. Исчезнуваа граѓани, вработени, замислени или пак распеани луѓе, а пак на улиците, како во време на војна и бунт - секаде стоела стража...“

Доколку сакате да го прочитате целиот овој дел од книгата на Иво Андриќ тогаш топло ви препорачуваме да ја земете и да ја прочитате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг