Американците вежбале за нуклеарна војна со Русите: Вака би изгледала катастрофата

Точка

22/02/2020

11:18

2.244

Големина на фонт

а а а

САД извеле воени вежби, симулирајќи одговор на напад на Русија на држави од НАТО во Европа со атомско оружје со помала сила, соопштил за новинарите висок претставник на Пентагон.

"Ние одржавме помали воени вежби", се наведува во стенограмот на брифингот кој го објавила прес-службата на американскиот воен ресор. 

Ова сценарио предвидело "избивање на војна против Русија во Европа. Русија носи одлука ограничено да употреби нуклеарно оружје со помала сила против објекти на територија на држава членка на НАТО".

"Потоа почнува разговор кој во тој случај би бил направен, прво со министерот за одбрана, а потоа со претседателот, за да се одлучи каков треба да биде одговорот", рекол претставникот на Министерството за одбрана на САД.

Пентагон заклучил дека со овие воени вежби е создадена претстава за тоа како САД треба да реагира во случај на вистински напад, а соопштено е дека одговорот на САД би бил ограничен нуклеарен напад.

Ова не е прв пат да се изведува симулација на нуклеарна војна со Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг