Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Макфакс

20/02/2020

09:19

576

Големина на фонт

а а а

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со Brexit придонесе за пад на побарувачката за нови автомобили во Европа во првиот месец од годинава, соопшти Европското здружение на автомобилски производители (ACEA).

Групата Рено (со Алпин, Дачија, Лада) забележа намалена испорака за 16,3 проценти, исто како и неговиот француски ривал ПСА (Пежо, Цитроен, ДС, Опел, Воксал) забележа пад за 12,9 отсто. Вкупно на патиштата на Европската унија имало речиси 957.000 нови патнички автомобили, но притоа четирите главни пазари се во црвено: Франција (- 13,4 проценти), Шпанија (- 7,6 отсто), Германија (- 7,3 проценти) и Италија (- 5,9 отсто). 

Здружението на европски производители на автомобили за прв пат ја објави статистиката за ЕУ без Велика Британија, за да овозможи споредба со 2019 година.Меѓу причините за намалување на побарувачката во ACEA потсетуваат на најавеното зголемување на даноците на автомобилите во некои земји од Европската унија, поради што купувачите побрзаа да ги посетат автосалоните во декември. Воедно тоа е причината што бројот на регистрирани нови автомобили во 27 земји од ЕУ во последниот месец од минатата година скокна за дури 21,4 проценти. Типичен пример за тоа е Шведска каде од 2020 година се воведени нови даноци, по што е забележан пад на побарувачката за цели 18 проценти, што е најголем процент во земјите од ЕУ, наспроти растот од огромни 109 проценти кој беше забележан во декември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг