Иванка Трамп го разбесни светот откако влегла во џамија: „Ова е твоја лажна поддршка“

Точка

17/02/2020

19:30

5.489

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп во саботата присуствувала на Светскиот женски форум во Дубаи, а во тој град се сретнала и со принцот престолонаследник Мохамед бин Зајед ал Нахјан.

Ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп ги посетила Соединетите Арапски Емирати. Иванка Трамп била фотографирана како носи хиџаб и како оди боса, а тоа предизвикало многубројни коментари на социјалните мрежи, но и во медиумите ширум светот.


Таа не е странец во овој дел од светот, но многумина оцениле дека тоа што го носела во Џамијата во Абу Даби е “лажна поддршка“ за муслиманите.


Исто така некои од луѓето не биле многу импресионирани со тоа и сметаат дека таа би требала да се упати на некој протест, наместо да им “ги исполнува желбите на муслиманските лидери“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг